Hamdi Çelikbaş
28 Ноември 2017•Ажурирај: 28 Ноември 2017
АНКАРА (АА) - Турските воздушни сили уништија 41 ново засолниште на терористичката организација ПКК во планинскиот регион Асос во северен Ирак, јавува Anadolu Agency (AA).
Генералштабот на турската армија соопшти дека турските бомбардери минатата ноќ нанеле силни удари и им предизвикале големи загуби на терористите на ПКК.
По завршувањето на задачата, турските авиони се вратија во базата.
Сепаратистичката организација ПКК е на списокот на терористички организации во Турција, САД и во Европската Унија.
Станува збор за организација којашто три децении спроведува воена кампања против Турција, а оваа кампања се интензивираше во јули 2015 година.
Покрај Турција, ПКК дејствува и во северните краишта на соседен Ирак и во Сирија.