Bahattin Gönültaş
06 Јануари 2021•Ажурирај: 07 Јануари 2021
БЕРЛИН (АА) - Буџетскиот дефицит на Германија што ја опфаќа федералната држава, покраините и општините изнесува 157,1 милијарди евра во периодот од јануари-септември 2020 година, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според податоците на германскиот Федерален завод за статистика (Destatis), јавните приходи на земјата се намалени за 4,3 проценти во првите 9 месеци од 2020 година во споредба со истиот период од претходната година.
Со тоа, буџетскиот дефицит што ја опфаќа федералната држава, покраините и општините изнесува 157,1 милијарди евра во првите 9 месеци од минатата година.
Во истиот период во 2018 година имаше суфицит на приходи од 32,1 милијарда евра, додека суфицитот во 2019 година изнесуваше 18,8 милијарди евра.
Последниот дефицит во буџетот е забележан во 2016 година и изнесуваше 0,1 милијарда евра.
Високите трошоци за борба против новиот вид коронавирус (Ковид-19) и намалените приходи се причина за големиот буџетски дефицит.