Selman Aksünger
13 Јули 2022•Ажурирај: 14 Јули 2022
АМСТЕРДАМ (АА) - Институтот за статистика на Холандија (CBS) објави дека цените на храната пораснале за 11 отсто во јуни, што е најголема стапка на цените на храната од 1976 година, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Институтот ги објави најновите податоци за јуни за цените на храната.
Според овие податоци, цените на храната, кои во јуни пораснаа за 11 отсто, во однос на истиот месец 2021 година, достигнаа највисоко ниво во последните 50 години.
Во соопштението се наведува дека најголем пораст е забележан кај месото, со 16 отсто и кај млечните производи, со 14 отсто.
Исто така, се напоменува дека производителите на храна од минатата година ги зголемиле цените за вкупно 23 отсто.
Цените на храната во Холандија значајно пораснаа од почетокот на војната на Русија и Украина, како и поради проблемите во испораката.