Hasan Esen
11 Март 2017•Ажурирај: 11 Март 2017
РОТЕРДАМ (АА) - Владата на Холандија ја повлече дозволата за слетување на министерот за надворешни работи на Република Турција, Мевлут Чавушоглу, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението од Министерството за надворешни работи на Холандија се наведува дека оваа земја сака да дојде до прифатливо решение, но дека изјавите на министерот Чавушоглу довеле до тоа да е невозможно изнаоѓање на решение.
Холандија како причина за повлекување на дозволата за слетување на министерот Чавушоглу ја навела „безбедноста“ и „јавната безбедност“.
Чавушоглу претходно изјави дека во случај Холандија да ја повлече дозволата за слетување, санкциите на Турција на економски и политички план ќе бидат многу тешки.
Во план беше турскиот министер Чавушоглу вечерва да одржи говор во зградата на главниот конзулат на Турција во Ротердам.