АНКАРА (АА) – Еџенур Чолак
Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган, во рамките на неговата посета на Заливот, ќе го посети архипелагот на Бахреин. Бахреин е земја од збир на 33 острови, каде што половина од 1,4 милионското население се странци. Освен што привлекува внимание со производството на нафта, алуминиум и бисери, Бахреин се наоѓа на многу стратешка позиција во Персискиот Залив.
Бахреин е првата станица во четиридневната посета на претседателот Ердоган на земјите од Заливот. Архипелагот на Бахреин кој што се наоѓа во Персискиот Залив, се наоѓа на 24 киломотри во од источниот брег на Саудиска Арабија и 45 километри југоисточно од Катар.
Зборот „Бахреин“ на арапски значи „меѓу двете мориња“. Главниот град на земјата е Манама, додека нејзината површина изнесува 760 километри квадратни.
Населението од 1,4 милиони го сочинуваат граѓаните на Бахреин 46% и Азијците до 45,5%. Додека останатите 8,5% ги сочинуваат граѓаните со останато арапско потекло, Африканците и Европејците.

- Мнозинсвото од населението се муслимани -
Арапскиот јазик е официјален јазик на државата, но исто така се зборува и на англиски, француски и урду. Муслиманите се мнозинство со 70%, меѓу кои има и многу шиитски муслимани. Христијаните се 15%, хиндусите 10%, додека многу мал дел од населението се будисти и евреи.
Сунитската династија на Ал Халифа ја презеде власта на Бахреин во 1783 година. Со потпишување на Договорот за Траен мир и пријателство, Бахреин потпадна под колонизација на Англија се до 1971 година кога повторно ја доби независноста.
Кралот на оваа монархиска земја е Хамад бин Иса Ал Халифа, кој што го доби престолот во 1999 година, додека премиер на земјата е Халифа бин Салман Ал Халифа.
- Вкупниот износ на трговијата меѓу Бахреин и Турција изнесува 330 милиони долари -
Земјата е особено позната по своето производство на нафта, бисери и по рибарството, а извезува нафта и нафтени производи, алуминиум, текстил и друго. Бахреин увезува минерални горива, машини, електрична и електорнска опрема и друго.
Бахреин од Турција увезува тутун и тутунски прозводи, железо, челик, моторни возила и делови за возила, додека алуминиумот и производите од алуминиум, ѓубривото, памукот и памучните производи ги извезува во Турција.
Годишниот извоз на Бахреин изнесува околу 12 милијарди долари, додека увозот е на ниво од 8 милијарди долари. Според податоците од 2015 година, увозот на Бахреин од Турција е во вредност од 225 милиони долари, додека извозот е 105 милиони долари со тоа што вкупната трговија на Бахреин со Турција изнесува 330 милиони долари.
Бруто домашниот производ на Бахреин е 66,4 милијарди долари. 11% од земјата се користи за земјоделство, додека должината на бреговата линија изнесува 161 километар.
Турција, со своите историски, туристички и уметнички богатства секоја година има се поголема посетеност од страна на државјаните на Бахреин.
Во 2000 година 491 државјани на Бахреин ја посетиле Турција, во 2014 година овој број се зголеми на 24.000, додека во 2015 година бројот на посетители од Бахреин во Турција порасна на околу 35.500. Од друга страна, во мултикултурното општество на Бахреин, живеат околу 2.600 Турци.
- Кралот на Бахреин меѓу првите арапски лидери што ја посетија Турција по обидот за пуч -
Дипломатските односи меѓу двете земји започнаа во 1973 година. Амбасадата на Турција во Манама е отворена во 1990 година, додека амбасадата на Бахреин во Анкара во 2008 година.
Економската соработка меѓу двете земји продолжува преку средбите на Мешаната економска комисија (КЕК) и средбите на Работната комисија и Работниот форум на Турција и Бахреин.
Бахреин ја продолжува соработката со Турција како стратешки партнер за дијалог и преку членство во Комисијата за соработка на Заливот (KIK). Вкупниот трговски обем на Турција со КИК е 16 милијарди долари. Се организираат разни средби, самити и форуми со цел развивање на економската и трговската соработка на Турција со комисијата.
Комисијата за соработка на Заливот (КИК) во соопштението објавено по министерската средба во главниот град на Саудиска Арабија, терористичката организација ФЕТО (којашто направи обид за воен удар на 15 јули минатата година) ја прогласи за терористичка организација и изјави дека ја поддржува Турција.
Освен тоа, кралот на Бахреин, Хамад бин Иса Ал Халифа, во август минатата година беше еден од првите арапски лидери што ја посетија Турција во знак на поддршка. Во текот посетата претседателот Ердоган и Ал Халифа потпишаа договори за соработка од различни области меѓу кои и договори од областа на авијацијата, правото, спортот, културата и образованието.