Emrah Güney
28 Август 2016•Ажурирај: 28 Август 2016
ИСТАНБУЛ (АА) - Премиерот на Република Турција, Бинали Јилдирим, се сретна со кралот на Бахреин, Хамад бин Иса ал-Калифа, кој престојува во официјална посета на Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
Турскиот премиер Јилдирим и бахреинскиот крал Ал-Калифа се состанаа во палататa Чираган во Истанбул, a состанокот зад затворени врати траеше еден час.
Од Канцеларијата за односи со јавноста на турската Влада соопштија дека премиерот Јилдирим на кралот Ал Калифа му се заблагодарил за поддршката и солидарноста која Бахреин ја изрази кон Турција за време на неуспешниот обид за воен удар на 15 јули, изведен од страна на терористичката организација ФЕТО.
Јилдирим исто така рече дека Турција ќе продолжи да пружа поддршка на безбедноста и стабилноста на Бахреин.
Бахреинскиот крал Ал Калифа истакна дека Бахреин и Турција сакаат да ја интензивираат соработката на сите полиња, вклучувајќи го и секторот на одбраната.
На средбата, во состав на турската делегација, присуствуваше и заменик премиерот Нуман Куртулмуш, министерот за економија, Нихат Зејбекчи, министерот за труд и социјална политика Сулејман Сојлу.
Главна тема на средбата беше интензивирање на билатералните односи со фокус на економските прашања, но делегациите разговараа и за голем број регионални прашања, вклучувајќи ја и борбата против тероризмот и ситуацијата во Сирија.