Ali Cura
04 Јули 2016•Ажурирај: 05 Јули 2016
КИЕВ (АА) - Воведени се дополнителни ограничувања за транзит на украински производи низ Русија, јавува Anadolu Agency (AA).
Министерството за економски развој на Украина даде писмена изјава во врска со одлуката на Претседателството на Руската федерација која вчера беше објавена.
Во врска со одлуката за воведените одредени ограничувања во транзитот на украинскати производи, украинското министерство вели: „Овие ограничувања можат во целост да го запрат транзитот на украински производи низ Русија кон Казахстан, Киргистан и кон трети земји. Руските тековни дискриминациски ограничувања се нетранспарентни и неоправдани. Со ова се врши непочитнување на обврските од Спогодбата за трговска зона и слободниот пазар на стоки на Светската трговска организација."
Русија од почетокот на годината започна со воведување на одредени ограничувања на трансит на украинските производи низ Русија, по донесениот Договор за слободна трговија меѓу ЕУ и Украина.
- И Украина ќе воведе ограничувања при транзит на руски производи низ Украина
Украинскиот министер за економски развој, Степан Кубив изјави: „На воведените ограничувања за транзит на украински производи низ Русија, Украина, ќе одговори на ист начин."