Aida Cako
30 Јули 2025•Ажурирај: 30 Јули 2025
СКОПЈЕ (АА) – Властите на американската сојузна држава Хаваи соопштија дека засега нема појава на „бран од значење“ по силниот земјотрес со јачина од 8,8 степени што ја погоди областа кај рускиот полуостров Камчатка, јавува Анадолу.
Според гувернерот Џош Грин, биле забележани повлекувања на водата, но засега не е потврдено дали тоа ќе резултира со опасност од цунами.
Жителите сепак се упатуваат на повисоки места заради безбедност.
Надлежните служби остануваат на терен и ги следат состојбите, додека официјалната потврда за евентуална целосна безбедност се очекува во наредните два до три часа.
Земјотресот предизвика серија предупредувања за можни цунами-бранови низ Пацификот, вклучително и за Кина, Тајван, Филипините и Нов Зеланд. Засега, на Хаваите нема значителни индикации за директен удар или штети.
Американскиот геолошки завод (USGS) објави дека епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 20,7 километри, на 119 километри југоисточно од Петропавловск-Камчатски.