Sibel Morrow
31 Август 2022•Ажурирај: 01 Септември 2022
АНКАРА (АА) - Русија ја запре испораката на гас преку еден од главните гасоводи за Европа почнувајќи од денеска (среда) на три дена поради поправка на единствениот преостанат компресор, објави компанијата „Северен тек АГ“, пренесува Агенција Анадолија (АА).
На 19 август руската компанија „Гаспром“ објави дека испораките на природен гас ќе бидат прекинати на три дена, почнувајќи од 31 август поради одржување на единствената компресорска единица која функционира на линијата „Северен тек“.
„Испораките преку Северен тек се целосно запрени, а денеска [среда] почнуваат планираните работи за одржување на компресорот за природен гас“, се вели во соопштението на „Гаспром“.
Вчера, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, ги обвини европските политичари за запирањето на испораката на гас поради санкциите, истакнувајќи дека граѓаните треба да ја платат високата цена од постапките на европските политичари.
„Гаспром“ ги намали количествата природен гас што ги испраќа преку гасоводот за околу 80 отсто бидејќи одредени делови не можат да функционираат поради санкциите.