Mustafa Deveci
31 Август 2022•Ажурирај: 01 Септември 2022
ДНИПРО (АА) - Делегација предводена од претседателот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Маријано Гроси, ќе ја посети нуклеарната централа „Запорожје“ во југоисточна Украина за да спроведе истрага, јавува Агенција Анадолија (АА).
Директорот на МААЕ, Гроси, пред да замине за нуклеарната централа „Запорожје“, во главниот град Киев даде изјави за медиумите.
Наведувајќи дека како агенција се надеваат дека ќе формираат постојана мисија во Украина за следење на нуклеарната централа „Запорожје“, Гроси рече: „Овие операции се многу сложени операции. Одиме во воена зона. Одиме во окупирани подрачја. Ни требаат јасни гаранции не само од Русите, туку и од Украина. Успеавме да го постигнеме тоа и сега се движиме кон [нуклеарната централа „Запорожје“].“
- Најголемата нуклеарна централа во Европа -
Нуклеарната централа „Запорожје“, која се наоѓа во југоисточна Украина, е најголемата нуклеарна централа во Европа.
Електраната, која има шест нуклеарни реактори, има капацитет за производство на електрична енергија од 5.700 мегават/часови и обезбедува 20 отсто од вкупната електрична енергија во Украина.
На 4 март контролата врз електраната ја презеде Русија. Околу електраната која моментално е под контрола на Руската армија, се случуваат артилериски напади. Украина и Русија меѓусебно се обвинуваат за овие напади.