Dilara Zengin Okay
08 Февруари 2022•Ажурирај: 08 Февруари 2022
ВАШИНГТОН
Соединетите Американски Држави (САД) делумно ја укинаа тарифата од 25 отсто, ставена од Доналд Трамп за увоз на челик од Јапонија, јавува Агенција Анадолија (АА).
Министерството за трговија на САД доцна синоќа, објави дека годишно до 1,25 милиони метрички тони челик увезени од Јапонија ќе биде дозволено да влезат во САД без царина, а износите над овој праг подлежат на данок од 25 отсто.
Новиот систем за кој се договорија двете земји ќе стапи во сила на 1 април, додаде тој.
Тарифите за алуминиумски производи не се вклучени во новиот договор.
Во соопштението се додава дека договорот ќе помогне во обезбедување на долгорочна одржливост на челичната индустријата.
Во 2018 година, САД одлучија да стават тарифи од 25 отсто и 10 отсто на увезениот челик и алуминиум, поради „национална безбедност“.
Според податоците на Министерството за трговија, САД увезле околу 1,7 милиони метрички тони челик од Јапонија во 2017 пред тарифите да бидат воведени.
Увозот на челик на земјата од Јапонија падна на 1,1 милиони тони до 2019 година.
Во октомври 2021, САД исто така постигна друг договор со ЕУ за тарифи на челник и алуминиум.