Dilara Zengin Okay
08 Февруари 2022•Ажурирај: 09 Февруари 2022
ВАШИНГТОН
Меѓународната агенција за кредитен рејтинг „Фич рејтингс“ (Fitch Ratings) соопшти дека недостигот на чипови во глобалната понуда може да почне да се намалува во втората половина на оваа година, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението од Фич се истакнува дека недостигот на чипови и покрај рекордно ниските залихи може да се намали во втората половина на 2022 година поради зголемениот капацитет на производство и умерената побарувачка.
Исти така се вели дека владините интервенции поради епидемијата на новиот тип на коронавирус може да доведат до нормализирање на синџирот на снабдување.