Dilara Zengin Okay
03 Март 2022•Ажурирај: 04 Март 2022
ВАШИНГТОН (АА) ‒ Светската банка соопшти дека ги стопира сите свои програми во Русија и Белорусија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Банката објави писмено соопштение во врска со нејзините програми во Русија и Белорусија.
Групацијата на Светска банка, наведувајќи дека нема одобрено нови заеми или инвестиции за Русија од 2014 година, истакна дека од средината на 2020 година нема одобрено нов заем за Белорусија.
„По руската инвазија на Украина и непријателствата против украинскиот народ, Групацијата на Светска банка веднаш ги прекина сите свои програми во Русија и Белорусија“, се вели во соопштението.