Ahmet Gürhan Kartal
17 Јануари 2017•Ажурирај: 17 Јануари 2017
ЛОНДОН (АА) - Според британскиот Државен завод за статистика, стапката на инфлација во Велика Британија се зголеми за 1,6 отсто во декември 2016 година, што е најмногу досега од јули 2014 година, јавува Anadolu Agency (AA).
Индексот на потрошувачки цени (ИПЦ) бележи пораст од 0,4 процентни поени на инфлацијата од 1,2 отсто во ноември, што се должи на зголемувањето на цените на храната и нафтата.
Економистите проценија дека инфлацијата во декември ќе биде околу 1,4 отсто.
Соопштението доаѓа во пресрет на говорот на премиерката Тереза Меј во врска со деталите за Брегзит, кој се очекува да го одржи денес.
Според компанијата „Травелекс“, специјализирана за размена на пари и бизнис исплати, вчера британската фунта паднала во однос на американскиот долар, односно се разменувала по девизен курс од 1,17 долари за една британска фунта, што е најниска стапка од 1986 година.