Ömer Tuğrul Çam
12 Јануари 2023•Ажурирај: 15 Јануари 2023
БРИСЕЛ (АА) - Граѓаните на земјите членки на Европската Унија (ЕУ) се најмногу загрижени од трошоците за живот, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според анкетата на Евробарометар, која редовно се спроведува од страна на Европскиот парламент (ЕП), 93 отсто од граѓаните на ЕУ трошоците за живот ги сметаат за причина за најголема загриженост.
Најмалку 70 отсто од граѓаните на сите земји членки на ЕУ имаат поплаки од зголемувањето на цените на основните потреби, пред сѐ на енергенсите и храната. Оваа стапка во Грција изнесува 100 отсто, во Грчката управа на Јужен Кипар, 99 отсто и во Италија и Португалија по 98 отсто.
По трошоците за живот, најсериозната загриженост (82 отсто) е поради заканата од сиромаштија и социјална исклученост.
Трета најголема причина за грижа кај Европејците се климатските промени и ризикот од ширење на војната во Украина во другите земји.
Анкетата на Евробарометар, на која учествуваа околу 26.000 лица од сите земји членки на ЕУ, се одржа од 12 октомври до 7 ноември.