Ivana Ramadanova
21 Јули 2016•Ажурирај: 22 Јули 2016
СКОПЈЕ (АА) - Годинава Турција повторно е една од најпосакуваните и најбараните дестинации во туристичките агенции за летување на македонските граѓани, јавува Anadolu Agency (AA).
И покрај обидот за државен удар врз оваа земја, кој се случи минатиот петок, огромниот број туристи не ги откажаа своите аранжмани во туристичките агенции и се обезхрабрија да летуваат на едни од најубавите плажи.
Веднаш по стабилизирањето на минатонеделната ситуација, летовите што беа закажани кон Анталија беа реализирани од скопскиот аеродром. Воедно е воспоставена и редовната линија кон Истанбул, која беше прекината со затворањето на аеродромите во Турција во петокот и саботата.
Од една туристичка агенција во Скопје, која во текот на летото нуди широк спектар на аранжмани во Турција во разговор за АА велат дека и покрај новонастанатата ситуација во Турција, граѓаните не се откажуваат од летувањето на најбараната туристичка дестинација, Анталија.
„Турција и оваа година е најбараната туристичка дестинација за летување. Она што, за жал, се случи минатата недела, не успеа да ги премисли граѓаните да се откажат во својата намера да отпатуваат за Анталија. Сите аранжмани за јули се распродадени. Дури и оние што малку се двоумеа да се откажат, сепак решија да отпатуваат. Ние постојано имаме контакт со нашите партнери, турски тур-оператори, кои нѐ информираат дека состојбата во туристичките комплекси е целосно нормализирана“, вели Сузана Зелениковска, вработена во туристичката агенција.
Според неа, Турција сѐ уште е на првото место како најдобра дестинација за летување, од проста причина што таму има најубави хотели, најниски цени и најубава и најквалитетна услуга.