Прескокни на главната содржина
logo
logo
  • СВЕТ
  • ТУРЦИЈА
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ЖИВОТ
Türkçe
English
BHSC
Pусский
Français
العربية
Kurdî
کوردی
Shqip
فارسی
македонски
Bahasa Indonesia
Español
економија

Турција во 2016 извезуваше 77 од 100 произведени автомобили

Производството на автомобили во Турција во 2016 година доживеа раст од 9 отсто, со што се постигната бројката од 1 милион 486 произведени автомобили, а од секои 100 автомобили 77 беа извезени
Mücahid Eker
11 Јануари 2017•Ажурирај: 12 Јануари 2017
Турција во 2016 извезуваше 77 од 100 произведени автомобили
Istanbul

ИСТАНБУЛ (АА) – Производството на автомобили во Турција во 2016 година доживеа раст од 9 отсто, со што е постигната бројката од 1 милион 486 произведени автомобили, а од секои 100 автомобили 77 беа извезени, јавува Anadolu Agency (AA).

Здружението за автомобилска индустрија (ОСД) го објави извештајот за извоз и продажба на произведените автомобили за месец декември 2016. Според ова, производството доживеа раст од 9 отсто во вкупното производство за минатата година во однос на претходната, додека пак производството на автомобили порасна за 20 отсто.

Вкупното производство за овој период изнесува 1 милион 486, а производството на автомобили изнесува 951 илјада. На овој начин, автомобилската индустрија го доживеа најголемиот раст на годишно ниво.

Производството на транспортни возила минатата година е намалено за 6 отсто во однос на претходната година, на лесните транспортни возила за 2 отсто , додека пак на тешките транспортни возила е намалено за 44 отсто .

Забележан е пад на производството и кај средните автобуси од 53 отсто, кај големите камиони за 52 отсто, кај малите камиони за 48 отсто, кај автобусите за 8, кај минибусите за 6, а кај производството на камионети за 2 отсто.

Производството на трактори минатата година се намали за 1 процент и изнесува 50 илјади 746. Доколку производството на трактори се додаде на вкупната бројка на произведени возила во 2016 година, добиваме бројка од 1 милион 537 илјади возила.

- Срушен е рекордот и во извозот

Забележан е раст во извозот на автомобили во минатата година во однос на 2015 и тоа, кај вкупниот извоз за 15 отсто, а кај извозот на автомобили за 23 отсто. Вкупниот извоз за целото производство изнесува 1 милион 141 илјада, додека пак бројот на извезени автомобили за минатата година изнесува 746 илјади.

Според податоците на Унијата на извозници од Улудаг (УИБ), вкупниот извоз за 2016 година во однос на доларот покажува раст за 12 отсто и изнесува 24 милијарди 250 милиони долари, а додека пак во однос на еврото покажува раст од 13 отсто и изнесува 21 милијарда 931 милиони евра. Автомобилскиот извоз за овој период покажува раст од 21 процент и изнесува 8,3 милијарди долари.

Во овој период порастот на базната индустрија изнесува 18 отсто, додека пак извозот на индустријата за резервни делови извоз покажа раст од 4 отсто.

Според податоците на Собранието на извозници во Турција (ТИМ), автомобилската индустрија си го зачува првото место на листата на извозници за 2016 година со пласман од 16,8 отсто од вкупниот извоз.

- Продажбата повторно над 1 милион

Вкупната продажбата во Турција за 2016 година е околу нивото како од претходната година и изнесува 1 милион 8 илјади, а на автомобилскиот пазар со зголемување од 4 отсто продадени се 757 илјади возила. Продажбата на домашни возила порасна за 2, а на увезените за 5 отсто. Уделот на увозот во вкупниот пазар за 2016 година во Турција изнесува 75 отсто.

Во истиот период е забележан пад од 12 отсто во продажба на транспортни возила. Продажбата е намалена и кај групата на лесни транспортни возила во Турција за 6 отсто, додека кај тешките транспортни возила таа изнесува 44 отсто.

Уделот на продажбата на увезени лесни транспортни возила (минибуси и камионети) минатата година во Труција изнесува 48 отсто. Во 2016 се забележува намалување на продажбата на вкупната продажба на лесни транспортни возила за 6 отсто, кај домашното производство на вакви возила за 12 отсто, додека пак продажбата на увезени лесни транспортни возила порасна за 1 процент.

Продажбата на тешки транспортни возила во Турција за 2016 година се намали за 44 отсто и изнесува 24 илјади 137, продажбата на камиони е намалена за 45 отсто и знесуваше 20 илјади 757, продажбата на средни автобуси е намалена за 39 отсто и изнесуваше 2 илјади 19 и продажбата на автобуси падна за 33 отсто и изнесуваше илјада 361.

Според просекот од последните 10 години, Турција има пораст во вкупната продажба на возила за 2016 година од 32 отсто, при што во продажбата на автомобили забележан е раст од 50 отсто и продажбата на лесни транспортни возила за 3 отсто, додека пак забележан е пад во продажбата на тешки транспортни возила од 36 отсто.

related_topics:
извоз на автомобилиавтомобилиавтоиндустрија
news_share

news_share_descriptionsubscription_contact

subscription
logo

Reporting the Changing World

next-sosyalX/TwitterFacebookYouTubeInstagram

КОРПОРАТИВНО

  • Историја
  • Таг
  • Систем на управување со квалитетот
  • Принципи на објавување
  • Политика на социјалните медиуми
  • Медиа центар
  • Политика за приватност и веб-колачиња
  • Политика на правилно информирање
  • RSS

КОМУНИКАЦИЈА

  • Контакт
  • Барање за претплата

Anadolu Ajansı © 2026

Google PlayApp Store
Војна САД/Израел-Иран
Ормуски Теснец
Трамп
Претходно
Следно
Претходно
Извозот во пораст: Турски чевли минатата година најмногу носеле Европјаните

Извозот во пораст: Турски чевли минатата година најмногу носеле Европјаните

Следно

„Постојат силни показатели дека девизните курсеви се изманипулирани“

„Постојат силни показатели дека девизните курсеви се изманипулирани“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Пентагон го откажа распоредувањето на оклопна бригада во Полска

Шефот на иранската дипломатија: Нема воено решение за прашањата поврзани со Иран, Техеран нема да подлегне на заканите

Турскиот претседател пречекан со официјална церемонија во главниот град на Казахстан

Британската поморска агенција: Брод запленет кај брегот на ОАЕ се движи кон иранските води

Бројот на загинати во силното невреме во северна Индија се искачи на 89

Турција го осуди израелскиот упад во џамијата „Ал Акса“

Во Индија се одржува состанок на шефовите на дипломатии на земјите членки на БРИКС

Погледни сè

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Отворен Саемот на автомобили во Њујорк, се очекуваат милион посетители

Отворен Саемот на автомобили во Њујорк, се очекуваат милион посетители

Париз денес: забрана за парните регистарски таблички

Париз денес: забрана за парните регистарски таблички

Трамп бара данок за увоз, со што ја стави Германија на маки

Трамп бара данок за увоз, со што ја стави Германија на маки

Саемот за автомобили во Њујорк ги отвора своите врати за посетителите

Саемот за автомобили во Њујорк ги отвора своите врати за посетителите

Apple доби дозвола за развој на технологија на безпилотни возила

Apple доби дозвола за развој на технологија на безпилотни возила

Франција до 2040 ќе прекине со продажбата на автомобили со бензински и дизел мотор

Франција до 2040 ќе прекине со продажбата на автомобили со бензински и дизел мотор

„Диселгејт“, причината за смртта на 5.000 лица годишно

„Диселгејт“, причината за смртта на 5.000 лица годишно

Ден без автомобили во Богота

Ден без автомобили во Богота

Отворен Саемот за автомобили во Женева

Отворен Саемот за автомобили во Женева

Во Белград отворени саемите за автомобили и мотоцикли

Во Белград отворени саемите за автомобили и мотоцикли