Övünç Kutlu
15 Април 2017•Ажурирај: 16 Април 2017
ЊУЈОРК (АА) - Американскиот технолошки гигант Apple (Еjпл) од државата Калифорнија доби дозвола за тестирање на „технологија на безпилотни возила”, јавува Anadolu Agency (AA).
Управата за моторни возила на Калифорнија (DMV) објави дека е прифатено барањето поднесено од Епл за развивање на технологија на безпилотни возила.
На тој начин, инженерите на Apple ја добија потребната дозвола за тестирање на безпилотните возила на јавните патишта во државата Калифорнија.
Експертите сметаат дека загубата која Епл ја има од продажбата на iPhone (Aјфон) смарт телефоните и Mac (Мек) компјутерите, ќе се обиде да ја надомести со програмата „Проект Титан”, која претставува технологија на безпилотни возила, влегувајќи во овој сектор во кој конкуренција е во подем, така да според експертите Епл ќе се измачи и на ова поле.
Државата Калифорнија досега дозвола за развивање на технологија на безпилотни возила им издаде на автомобилските гиганти Фолксваген, Мерцедес-Бенз, БМВ, Генерал Моротс, Форд, Нисан и Хонда.
Тестирање на безпилотни возила во државата Калифорнија спроведува и технолошкиот гигант Google (Гугл) во соработка со компанијата за производство на автомобили на електричен погон и складирање на електрична енергија Тесла, развивајќи го безпилотното такси возило Убер.