Tuba Şahin
25 Февруари 2019•Ажурирај: 26 Февруари 2019
ИСТАНБУЛ (АА) - Турција привлече околу 13,2 милијарди американски долари странски директни инвестиции во 2018 година, истакнаа од Канцеларијата за инвестиции при турското Претседателство, јавува Anadolu Agency (AA).
Раководителот на Канцеларијата, Арда Ермут, нагласи дека Холандија и Азербејџан биле првите два изворa на директни инвестиции минатата година.
„Сакаме да привлечеме 1,5 отсто од вкупните глобални директни инвестиции. На почеток, сакаме да достигнеме 18 милијарди американски долари во странски инвестиции, а потоа 20-25 милијарди долари“, рече Ермут.
Тој додаде дека Турција има за цел долгорочно да го зголеми својот удел на 2 отсто.
„Турција покажа подобри перформанси во однос на привлекувањето инвестиции од земјите во развој“, рече тој.
Ермут нагласи дека износот на директни инвестиции се намалил за 14 отсто на глобално ниво поради зголемените ризици во глобалната економија и протекционистичките политики.
Истакнувајќи дека директните странски инвестиции на пазарите во развој пораснале за 2 отсто, Ермут рече дека 71 отсто од глобалните директни инвестиции се од развиените земји.