Tuba Şahin
06 Ноември 2019•Ажурирај: 08 Ноември 2019
АНКАРА (АА) - Турција е подготвена да воведе дигитална валута базирана на блокчејн, јавува Anadolu Agnecy (AA).
Според податоците собрани од Anadolu Agency при анализата на Годишната претседателска програма, Турција ќе ја лансира валутата откако ќе завршат фазите за нејзино креирање, развој и тестирање. Тестирањето треба да започне во 2020 година.
Најавата доаѓа во услови кога и Кина се подготвува да стане прва земја која ќе воведе домашна дигитална валута, нешто што финансиските пазари низ светот го следат внимателно.
Дигиталните валути ја користат блокчејн-технологијата, база на податоци за регистирирање на трансакции.
Програмата на Турција има за цел да креира план за развој на екосистемот на финансиската технологија во Турција.
Во оваа насока, во Истанбул ќе се формира финансиски технопарк.