Övünç Kutlu
11 Април 2022•Ажурирај: 12 Април 2022
АНКАРА (АА) - Француската мултинационална инвестициска банка и компанија за финансиски услуги Сосиете Женерал денес објави дека го прекинала своето работење во Русија, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Сосиете Женерал ги прекинува своите банкарски и осигурителни активности во Русија и објавува потпишување договор за купопродажба за да го продаде целиот свој удел во Росбанк и руските осигурителни подружници на Групацијата на Интерос Капитал, претходниот акционер на Росбанк“, се вели во соопштението.
Банката соопшти дека ја напушта Русија на ефективен и уреден начин, обезбедувајќи континуитет за своите вработени и клиенти.
Истакнува дека продажбата на целиот нејзин удел во Росбанк е предмет на одобрување на регулаторните и антимонополските власти, и дека се очекува да биде завршена во наредните недели.
Сосиете Женерал соопшти дека отписот на нето-книговодствената вредност на активностите од овој потег се цени на околу 2 милијарди евра.
Војната на Русија против Украина, која започна на 24 февруари, наиде на меѓународна осуда, доведе до сериозни финансиски санкции кон Москва и поттикна егзодус на светски компании од Русија.