Emre Aytekin
11 Април 2022•Ажурирај: 11 Април 2022
ПЕКИНГ (АА) - Потрошувачките цени во Кина пораснаа за 1,5 отсто во март, додека производните цени се зголемија за 8,3 отсто на годишно ниво, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Кинеското Национално биро за статистика ги објави мартовските податоци за растот на цените во земјата.
Според последните податоци, производните цени во земјата во март пораснале за 8,3 отсто во однос на истиот период лани.
Исто така, потрошувачките цени во Кина во март пораснале за 1,5 отсто во однос на истиот период минатата година.
Аналитичарите тврдат дека значителниот раст на производните цени и покрај стабилноста на потрошувачките цени, е поврзан со растот на светските цени на енергијата и стоките.