Murat Temizer
10 Октомври 2022•Ажурирај: 12 Октомври 2022
АНКАРА (АА) - Цената на природниот гас за мегават-час во Европа се намали за 17 отсто на 156 евра на 7 октомври, покажуваат најновите податоци од пазарот на енергенси, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Ноемвриската договорна цена на гасот на ТТФ, виртуелниот пазар за тргување со природен гас со седиште во Холандија, беше затворена на 30 септември, петок, на 188,8 евра за мегават-час.
Во намалувањето на цената влијаеа мерките што ги презеде Европа во однос на потрошувачката на природниот гас и стапката на исполнетост на складиштата за природен гас.
Стапката на исполнетост на европските складишта за природен гас е евидентирана на 88,58 отсто заклучно со денес, 10 октомври.
Земјите како Белгија, Полска, Португалија и Германија достигнаа стапка на исполнетост на складишните капацитети од над 90 отсто.
Од 10:44 часот по средноевропско време, цената на природниот гас за мегават-час изнесува 150 евра.