Şenhan Bolelli
17 Август 2016•Ажурирај: 18 Август 2016
МАДРИД (AA) - Вкупниот јавен долг во Шпанија во јуни изнесуваше 1,107 трилиони евра, што е историски рекорд во таа земја, јавува Anadolu Agency (AA).
Централната банка на Шпанија соопшти дека во јуни оваа година јавниот долг во таа земја е зголемен за 18,549 милијарди евра и достигна вкупен износ од 1,107 трилиони евра. Така, јавниот долг во Шпанија се искачи на рекордни 100,9 отсто во однос на бруто националниот производ (БДП). Претходен рекорд на јавниот долг во Шпанија е забележан во далечната 1909 година, кога во однос на БДП изнесувал 100,2 отсто.
Од декември минатата година до јуни, во Шпанија два пати се одржани парламентарни избори, а поради политичката криза сѐ уште не дојде до формирање на новата влада, па на власт и понатаму е кабинетот на Народната партија (ПП).
Таквата политичка ситуација негативно се одразува и на економската ситуација во земјата
Актуелната Влада предвидува дека со спроведувањето на програмата за економска стабилизација, до крајот на годината ќе се намали јавниот долг на 99,1 отсто во однос на БДП, но Европсата комисија во своите програми предвидува дека јавниот долг во Шпанија до крајот на годината би можел да биде намален за речиси 0,6 отсто во однос на БДП.
Јавниот долг во Шпанија во 2008 година изнесуваше 39,4 отсто во однос на БДП, а веќе за една година подоцна порасна на 52,7 отсто и оттогаш бележи постојан раст.