Şenhan Bolelli
21 Март 2016•Ажурирај: 21 Март 2016
МАДРИД (АА) - Официјалните власти на Шпанија соопштија дека во сообраќајна несреќа утрово во Тарагона, во источниот дел на земјата, загинаа 13, а не 14 луѓе, како што беше претходно соопштено, јавува Anadolu Agency (AA).
Министерот за внатрешни работи Хорхе Фернандез Дијаз и шефот на Каталонската влада Карлес Пигдемонт во изјавата за медиумите изјави дека сите загинати во несреќата се жени.
Од каталонската канцеларијата за итна медицинска помош, за шпанските медиуми изјавија дека во автобусот се наоѓале студенти од 19 земји кои учествувале во програмата за размена на студенти "Еразмус".
Се покажа дека возач на автобусот, кој беше полесно повреден во несреќата, не бил под дејство на дрога, ниту алкохол.
Автобусот, кој се движел од Валенсија да Барселона, околу шест часот наутро на автопатот АП-7 се судрил со автомобил.
Според најновите информации во автобусот се наоѓале 61, а во автомобилот две лица. Во несреќата загинаа 13, а беа повредени 50 лица, меѓу кои девет потешко.