Elena Trenchevska Chekovic
16 Јули 2025•Ажурирај: 16 Јули 2025
СКОПЈЕ (АА) - Јужнокорејските синдикати, предводени од Корејската конфедерација на синдикати, денес одржаа генерален штрајк пред зградата на Националното собрание во Сеул и покрај обилните дождови, јавува Анадолу.
Работниците побараа подобри услови за работа, поголема сигурност на работното место и повисоки плати.
Демонстрантите ја повикаа Владата да преземе итни мерки, барајќи реформи што ќе им дадат приоритет на правата и егзистенцијата на работниците.