Besar Ademi,Cuneyt Davut
02 Декември 2015•Ажурирај: 03 Декември 2015
ИДОМЕНИ (АА) - Економските мигранти кои се заглавени на грчко-македонскиот граничен премин во знак на протест од утрово не дозволуваат границата да ја преминат ни бегалците од Сирија Авганистан и Ирак, јавува Anadolu Agency (AA).
Ситуацијата ескалираше утрово, кога група бегалци ја преминуваа границата. Во вечерните часови тензиите со економските мигранти продолжуваат да растат. Тие влегуваа во судир со македонските безбедносни сили кои ја штитат границата, обидувајќи се да го пробијат кордонот поставен долж границата.
Мигрантите извикуваа "Ние сме луѓе", "Не само Ирак, Авганистан и Сирија" , негодувајќи ги селективните мерки на пропуштање на македонската јужна граница, каде се пропуштаат бегалци од земјите во кои се војува додека мигрантите од другите земји повеќе од две недели остануваат заглавени.
Во меѓувреме, бројот на грчката и македонската полиција постојано расте, а на македонската страна се забележани и водени топови.