Sedat Kara
25 Февруари 2018•Ажурирај: 27 Февруари 2018
ТЕКИРДАГ (AA) - СЕДАТ КАРА -
Хамди Акташ, 69-годишен жител на областа Хајраболу во Текирдаг, Турција, веќе 54 години на аголот од старата автобуска станица работи како чистач на чевли, јавува Anadolu Agency (AA).
Акташ, материјалите кои ги остава во кафeаната ги пренесува со помош на луѓето од околината и цел ден ги полира чевлите на муштериите.
И покрај неговата возраст, Акташ продолжува да работи без прекин со цел да обезбеди средства за егзистенција на своето семејство, а работејќи ја оваа професија ги пораснал своите шест деца.
Акташ за АА истакна дека со чистењето чевли почнал уште на своја 15-годишна возраст, и работи веќе 54 години без прекин.
Секој во околината го знае месото каде што работи, и сите ги полираат и чистат своите чевли кај овој занаетчија. „Работам од ден за ден, и заработувам од ден на ден. Благодарение на Бога, заработувам доволно за да опстанам“, рече стариот занаетчија.

Акташ изјави дека ќе продолжи да ја работи оваа работа додека му дозволува здравјето. „Излегувам секој ден од мојот дом во раните утрински часови, и во лето и во зима. Ја плаќам киријата на куќата со парите што ги заработувам. Моите деца се омажија, оженија, а јас го продолжувам животот со мојата сопруга. Со оваа професија можам да донесам леб дома, фала му на Бога“, рече стариот работник.
Куќата на Акташ се наоѓа далеку од местото каде што работи, затоа ковчегот за чевли и материјалите ги остава во една кафеана.
„Чистам и полирам чевли цели 54 години, секој ден. Во раните утрински часови излегувам од домот и пеш стигнувам до мојот агол на улицата каде што работам. Чистам 10-12 пара чевли дневно. Фала му на Бога, се издржуваме со тие пари“, збори Акташ.
Тевфик Авџи, трговец во околината, рече дека Хамди Акташ работи на истото место како чистач на чевли со години.
„Само од заработката од оваа работа го издржува своето семејство. Тој секогаш работи. Му посакувам поголема заработувачка во својата работа“, наведе Авџи.