Sayed Khodaiberdi Sadat
18 Февруари 2022•Ажурирај: 20 Февруари 2022
КАБУЛ (АА) – Почина детето кое пред три дена падна во бунар во провинцијата Забул на југот на Авганистан, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Шарафат Вијал, заменик-директорот за култура на провинцијата Забул од Администрацијата на талибанците, истакна дека стигнале до шестгодишното момче кое падна во бунар пред три дена во областа Челдек во Забул.
Наведувајќи дека лекарските екипи интервенирале на местото каде што било заглавено детето, Вијал рече дека и покрај интервенцијата, тоа починало.
Вијал истакна дека талибанските власти дале сѐ од себе за да го спасат детето.
Од друга страна, Министерството за внатрешни работи на привремената Влада на талибанците преку социјалните мрежи изрази сочувство до семејството на детето и до авганистанскиот народ.
Мула Мухамед Јакуб Муџахид, заменик-министер за одбрана на привремената Влада на талибанците и Енес Хакани, главен советник на Министерството за внатрешни работи, вчера отидоа во регионот за да на самото место ги следат активностите за спасување на детето.