Zehra Ulucak
21 Мај 2018•Ажурирано: 22 Мај 2018
БРАЗИЛИЈА (AA) – На бразилскиот остров на кој е забрането раѓање на деца, на свет сепак дојде бебе, прво во последните 12 години, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Би-Би-Си" (BBC) јавува дека 22 годишната жена на островот Фернандо де Норонха, на кој живеат околу 3.000 лица, за време на викендот родила девојче.
Како што пренесува порталот „O Globo” жената која не сакаше да го открие своето име, не знаела дека е бремена и не знаеше што да каже за ситуацијата во која се нашла.
„Во петок вечерта добив болки. Подоцна се породив. Тоа беше девојче. Немав зборови“, изјави мајката.
Бебето подоцна е префрлено во локалната болница, а островските власти ја потврдија информацијата за раѓање на детето.
„Жената се породила дома. Членовите на семејство велат дека не знаеле за бременоста“, велат од управата на островот.
Локалното население е среќно поради раѓањето на детето, а помага и на семејството кое ја добило приновата.
Островот Фернандо де Норонха има плажи кои се наоѓаат меѓу најубавите плажи на светот. За да се заштити популарниот подводен свет, потребно е да се има ограничен број на жители.
Од бремените жени се бара да се преселат на копно, а островот нема ни породилиште.