Amina Zorniç
11 Април 2016•Ажурирај: 12 Април 2016
САО ПАОЛО (АА) - Бразилските научници потврдија нови нарушувања на мозокот кај возрасните, предизвикани од вирусот зика, јавува Anadolu Agency (AA).
Станува збор за автоимун синдром наречен акутен дисеминиран енцефаломиелитис (ADEM) кој се манифестира во централниот нервен систем и 'рбетниот мозок.
ADEM обично се јавува како резултат на инфекција, предизвикувајќи интензивен оток во мозокот и 'рбетниот мозок кој му штети на белиот заштитен слој кој е опкружен со нервни влакна. Ова доведува до слабост, вкочанетост, губење на рамнотежа, а симптомите се слични на оние на мултиплекс склероза.
Зика веќе е поврзан со автоимуно нервно нарушување што предизвикува привремена парализа, а со новите предвидувања на научниците се зголеми листа на невролошки оштетувања предизвикани од вирусот зика.
Претходно, Светската здравствена организација (СЗО) потврди дека вирусот, кој се пренесува преку комарците, е одговорен за деформитет на голем број на бебиња, кои се родени со мала глава и неразвиен мозок (микроцефалија).
Само во Бразил се потврдени речиси 1.000 случаи на микроцефалија предизвикана од вирусот зика, додека под надзор се околу 4.300 бремени жени.