Dejan Maksimoviç
30 Јануари 2016•Ажурирај: 01 Февруари 2016
САРАЕВО (АА) - Неодамна починатиот Дејвид Боуви, својот имот, вреден околу 100 милиони долари, го остави во наследство на сопругата и своите деца. Исто така, според неговата желба, неговот тело би требало да биде кремирано а пепелот расеан на Бали, јавува Anadolu Agency (AA).
Во тестаментот, кој е отворен вчера во зградата на судот во Њујорк, според пишувањето на американските медиуми, Боуви ѝ оставил два милиони долари на својата долгогодишна соработничка Корин Шваб и еден милион долари на Марион Скене, пријателка и дадилка на неговото прво дете.
Удел во имотот на планината Литл Тонши во близина на Вудсток е поделено на три дела. По 25 отсто ќе добие неговата 15-годишна ќерка Александрија, од бракот со Иман и Данкан Џоунс (44), синот од првиот брак со Анџела Барнет. Половина од неговиот целокупнен имот оди во рацете на сопругата Иман, како и сиот негов преостанат имот, вклучувајќи го и станот на Менхетен.
Боуви во текот на кариерата како музичар, која траеше повеќе од половина век, продаде околу 140 милиони носачи на звук. Заработи и 55 милиони долари со продажбата на т.н „Боуви обврзници”, кои на купувачите им носеа удел во неговите авторски права за следните десет години.
Боуви почина во 69-та година од животот, на 10-ти јануари оваа година од карцином на црниот дроб, два дена по својот 69-ти роденден.