Çiğdem Alyanak,Sefa Mutlu
10 Октомври 2016•Ажурирај: 11 Октомври 2016
ИСТАНБУЛ (АА) - Премиерот на Турција, Бинали Јилдрим истакна дека главната цел е безбеден и непречен проток и разумни цени на фосилните горива и на енергијата добиена од различни извори, со различни методи. „Оваа состојба за нас значи заштита на енергијата што потекнува од земјите на Средниот Исток, Русија, Кавказ, Средна Азија и од ОПЕК“, јавува Anadolu Agency (AA).
Премиерот Јилдирим во своето обраќање на 23. Светски конгрес за енергија во Конгресниот центар во Истанбул, чиј главен партнер за „Глобални комуникации“ е Anadolu Agency, изјави дека за време на конгресот ќе бидат одржани 65 сесии, 250 предавачи ќе ги пренесат своите информации и искуства, со цел да се дадат претпоставки за иднината.
Премиерот Јилдирим рече дека на Конгресот ќе бидат остварени значајни средби и ќе бидат презентирани гледишта од полето на енергетскиот сектор, што ќе даде значајна можност за постигнување договори, претставувајќи го конгресот како „олимпијада за енергија“ којашто на најдобар начин ќе успее во нејзиното презентирање.
„Направивме една аналогија, да го донесеме и продолжението. На олимпијадите често се користи паролата: ‘Посилно, побрзо, повисоко’. Се надевам дека олимпијадата за енергија ќе нѐ направи посилни со употребата на енергијата, пристапот до корисниците на енергијата ќе го направи многу побрз. Но да не излегуваме многу високо од рамките на цената, да ја сочуваме стабилноста. Најверојатно тоа е заедничко очекување на сите нас“, рече тој.
„Безбедноста во снабдувањето со енергија, разновидноста и безбедноста на енергетските извори и разумните цени, денеска се предмет на национален интерес и безбедност за секоја земја“, истакна Јилдирим.
Во понатамошното обраќање, премиерот Јилдирим вели: „На тој начин, државата не добива само економска стабилност, економски развој, просперитет и динамичко издигнување, туку се подобруваат односите меѓу државите, односите во сојузништвото, изборот на надворешната политика, политиката на одбрана... накратко, се добива можност којашто може да влијае на регионалниот и на светскиот мир. Од тој аспект, неспорно е дека енергијата, безбедноста, просперитетот и мирот стануваат една неделива целина“.
Премиерот на Турција, Јилдирим, истакна дека во една ваква средина, од интерес за сите страни е меѓународната соработка во користењето на енергијата. „Енергијата од обновливи извори и од гасот од шкрилци, која не е дел од конвенционалната енергија, ветуваат голем потенција, но знаеме дека на среднорочен план продолжува зависноста на човештвото од хидрокарбонските извори. Разработените анализи покажуваат дека основа на нашите буџети, најмалку до 2040 година, се фосилните горива. Треба да знаеме дека под овие услови, главна цел претставува безбедниот и непречен проток и разумните цени на фосилните горива и енергијата добиена од различни извори со различни методи. Оваа состојба значи заштита на енергијата што потекнува од земјите на Средниот Исток, Русија, Кавказ, Средна Азија и ОПЕК“.