Ekipa
23 Август 2016•Ажурирај: 24 Август 2016
ЊУ ДЕЛХИ (АА) - Лекарите во северната индиска држава Пенџаб, хируршки извадиле 40 ножеви од утробата на еден 42-годишен маж кој буквално ги „проголтал” во изминатите два месеци, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според извештаите на локалните медиуми кои се повикуваат на извори во болницата, ножевите биле долги 18 сантиметри.
Џатиндер Малхотра, лекарот кој присуствуваше на петчасовната операција, изјави дека мажот, кој инаку е вработен како полицаец, очигледно е психијатриски случај, и дека истиот е упатен на лечење.
Наводно, пациентот не знаел да им објасни на лекарите зошто голтнал 40 ножеви.
Таков случај, рече Малхотра, никогаш претходно не е забележан во земјата.