Admir Fazlagic
12 Јуни 2020•Ажурирај: 12 Јуни 2020
СКОПЈЕ
Италијанка на возраст од 60 години за време на операција на мозокот при што и бил отстранет туморот, подготвила специјалитет од маслинки, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според веста на Би-Би-Си (BBC) , една 60-годишна Италијанка направила специјалитет од маслинки за време на операцијата во текот на која лекарите и го отстраниле туморот. Овој необичен случај е забележан во болница во Анкона, а лекарите соопштиле дека операцијата поминала многу добро.
Во веста се наведува дека пациентката во текот на едночасовната операција подготвила 90 маслинки, односно локален специјалитет наречен Асколи маслинки, кои се подготвуват така што зелени маслинки се обвивкуваат со месо и се похуваат.
Хирурзите често бараат од луѓето на кои им го опеираат мозокот да свират виолина или гитара за време на операција, но досега никој не побарал од пациентите да напаватат специјалитет од маслинки.
Во текот на овие операции лекарите ги држат будни пациентите за да утврдат одредени невролошки состојби и тумори во деловите на мозокот кои влијаат на видот, покретноста или говорот.
Понекогаш лекарите за време на операцијата на пациентите им поставуваат прашања или им дозволуваат одредени активности.
„Центарот за контрола на говорот, паметење и движења зе наоѓа во левиот тепморалнен лобус", рече неврохирурот Роберто Трињани за новинската агенција Анса.
„Ваквата метода ни овозможува да ја надледуваме состојбата на пациентот додека работиме на мозочните функции", објасни тој.
Според веста, тимот на Трињани досега извел околу 60 операции на мозок на будни пациенти.
Од друг пациент во болницата во Анкона лекарите бараа да гледа цртани филмови во текот на операцијата.