Hüseyin Yiğiner
16 Јули 2019•Ажурирај: 21 Јули 2019
АНКАРА (АА) - ХУСЕИН ЈИГИНЕР -
Бахатин Гурсес од Анкара, кога видел дека птиците направиле гнездо на моторот од неговиот камион, не го користел возилото 45 дена сѐ додека птиците не пораснале и полетале, пишува Аnadolu Agency (AA).
Бахатин Гурсес (42), кој заработува со возење на камион на долги релации, поради празникот Рамазан бајрам одлучил да одмора и камионот го паркирал пред својата куќа.
По празникот, кога ја подигнал хаубата за да го провери моторот, видел дека птици направиле гнездо на шасијата од моторот. Тој, за да не ги оштети шесте јајца кои биле во гнездото 45 дена, не го разработил моторот.

- „Ќе почнам да заработувам зa леб“ -
Бахатин Гурсес за АА рече дека 15 години вози камион и дека првпат се среќава со ваква ситуација.
Тој истакна дека кога ги видел јајцата во гнездото, се консултирал со своите роднини кои имале повеќе знаење за птиците за тоа што да прави понатаму.
„Ми кажаа дека пилињата од јајцата ќе излезат за 15 дена. Да почекам и дека сигурно има некое добро во тоа и дека можеби Господ ќе нѐ заштити од некоја голема неволја. Затоа почекав прво пилињата да излезат од јајцата, а потоа да почнат и да летаат“, рече Гурсес.
Истакнувајќи дека птиците од гнездото полетале по 45 дена, Гурсес нагласи: „Откако полетаа птиците, вчера, по месец и пол почнав да го возам камионот. Многу сум среќен што ќе почнам да заработувам.“
Гурсес, наведувајќи дека за тој период немал проблеми со недостиг на пари, рече: „Господ ми помогна. Почнав да работам во лозјето и градината. Поминав многу убаво време со моето семејство. Многу сме среќни поради тоа што не дозволивме птиците да умрат.“
- „Имав можност да поминам повеќе време со татко ми“ -
Ајсима Гурсес, ќерката на Бахатин Гурсес, нагласи дека поминала многу убаво време со татко ѝ откако птиците направиле гнездо во моторот на неговиот камион.
Таа, истакнувајќи дека заедно со татко ѝ работеле во лозјето и градината и дека шетале заедно, рече: „Благодарение на птиците имав можност да поминам повеќе време со татко ми. Им благодарам на птиците. Кога тој работеше, имаше периоди и по една недела да не се врати дома. Тогаш многу ми недостигаше. Благодарение на птиците, татко ми 45 дена е дома. Многу сум среќна поради тоа.“