Ayşe Aktaş
05 Јануари 2018•Ажурирај: 06 Јануари 2018
АНКАРА (AA)- Бројот на жртви од сообраќајната несреќа во која се судрија воз и камион, што се случи синоќа во Јужноафриканската Република, се зголеми на 20 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Според локалните медиуми, портпаролот на државната здравствена дирекција Мондил Мвамби изјави дека 20 лица загинаа во несреќата и најмалку 270 лица се повредени.
Тој изрази загриженост дека ситуацијата на некои од повредените е тешка, како и дека е можно бројот на загинатите да биде зголемен.
По судирот што се случи во близината на градот Кронстад, некои од осумте вагони од возот се запалиле.
Околу 850 патници беа евакуирани од возот што патуваше од крајбрежниот град Порт Елизабет до Јоханезбург.