Zülfiya Yakup
02 Мај 2016•Ажурирај: 03 Мај 2016
ПРИШТИНА (АА) - По повод велигденските празници светиот оган, пламен од гробот на Христос во Ерусалим, според христијанската традиција, и оваа година е донесен во православните храмови во Косово. Овој свет пламен прво пристигна во манастирот Грачаница, каде што го дочека владиката Теодосије и неколку стотици верници, јавува Anadolu Agency (AA).
Огнот во манастирот Грачаница го донесе делегација на Српската православна црква и помошникот-директор на Канцеларијата за Косово при Владата на Србија, Душан Јововиќ.
Милена Тодоровиќ од Грачаница, за АА кажа дека овој ден за православните верници посебен, бидејќи пристигнува светиот оган од Ерусалим.
"На овој ден се палат 33 свеќи како симбол на бројот на годините Христос кога бил распнат и на верувањето дека тој оган треба да се внесе во домот на секој верник и дека кога едно лице се наоѓа во тешка криза треба да ги запали тие свеќи, бидејќи тоа има некаква моќ сè да покрене кон подобро", вели Милена.
Зорица Воргучиќ вели дека за неа и за сите православни верници Велигден има големо значење и се слави во кругот на семејството, а денес таа дошла поради голема љубопитност.
"Што се однесува до овој свет оган, за прв пат го имам видено минатата година, а денес сум тука од чиста љубопитност. Немам некој посебен став кон тоа, само ме фасцинира тоа што огнот се појавува од нигде никаде во Храот во Ерусалим. Сега кога дојде об+вде дојдов само да видам каква е атмосферата.", истакна Зорица.
Светиот оган од Ерусалим по Грачаница, ќе се пренесе и во манастирите Пеќка патријаршија и манастирот Високи Дечани, а утре ќе биде донесен во манастирот Бањска во северниот дел на Косово.
Официјална делегација на Српската православна црква присуствуваше во Црквата на Христовото Воскресение во Ерусалим. Свештенството на СПЦ огнот пред Велигден го донесе во Белград во Храмот Свети Сава, од каде што денеска беше префрлен на Косово. Светиот оган за прв пат минатата година е пренесен во Србија и Косово.