Kaamil Ahmed
26 Јуни 2016•Ажурирај: 27 Јуни 2016
ЕРУСАЛИМ (АА) - Во комплексот на џамијата Ал-Акса во источен Ерусалим утрово дојде до судири помеѓу палестинските војници и израелската полиција во кои повредени се најмалку петмина Палестинци, потврди директорот на комплексот Ал-Акса, Омар ал Кисвани, јавува Anadolu Agency (AA).
Кисвани за АА изјави дека до судирите дошло кога израелската полиција со примена на сила ја отворила портата низ која израелските посетители и туристи влегуваат во комплексот.
Инцидентот утринава го опиша како настан „без претседан” во текот на последните 10 дена од месецот Рамазан.
Портпаролот на израелската полиција, Мики Розенфелд, изјави дека четворица „маскирани Палестинци се приведени поради вознемирувачката посета”.
Розенфелд, спротивно на тврдењата на директорот на џамијата, рече дека не е вистина дека е спречена посетата на комплексот на џамијата во текот на последните десет дена од Рамазан, додавајќи дека мерките за безбедност како и обично продолжуваат да се спроведуваат.
Активистичката група во Ерусалим, Вади Хилвег, на социјалните мрежи објави снимки на кои се гледа присуство на голем број вооружени полицајци околу комплексот Ал-Акса, кои, како што наведуваат активистите, за време на судирите користеле челични куршуми обвиени со гума и топовски удари.
За муслиманите, џамијата Ал-Акса преставува трето најважно светилиште, а од друга страна Евреите сметаат дека на тоа место некогаш постоеле два еврејски храма. Поради таа причина на ова место често доаѓа до судири на верските групи во кои најчесто има и повредени.