Emre Karaca
08 Јули 2019•Ажурирај: 10 Јули 2019
ТАЛИН
Во Естонија десетици илјади луѓе се собраа на 150. годишнината од музичкиот фестивал, пренесува Anadolu Agency (AA).
Триесет и пет илјади пејачи, повеќе од илјада хорови и 700 танцови групи учествуваа на активноста „Естонија со песни и танци“ што се одржа во главниот град Талин.
Активноста се одржува на секои пет години од 1869 година.
Овогодинешната тема на завршниот концерт на фестивалот, на кој присуствуваа 90 илјади луѓе беше „Мојата татковина мојата љубов“, инспирирана од отпорот на народот за време на советската окупација.
За време на советската окупација, која траеше околу 50 години, некои од традиционалните химни и песни на Естонија беа забранети, а на другите песни пак, им беше сменет текстот.
За време на протестите во доцните 1980 години, граѓаните ги користеа оригиналните зборови на нивните химни. На крајот на процесот наречен „Револуција со песни“, Естонија се стекна со независност во 1991 година.
Организацијата на Обединетите нации за образование, наука и култура (УНЕСКО) го прогласи Естонскиот фестивал на народни песни за „нематеријално културно наследство на човештвото“.