Davut Çolak
31 Мај 2018•Ажурирај: 31 Мај 2018
КОПЕНХАГЕН (АА) - Во Копенхаген започна популарниот музички фестивал „Distortion“, на кој се собраа десетици илјади лица на улицата во овој град, јавува Anadolu Agency (AA).
Фестивалот се одржува од 1998 година, а свеченото отворање традиционално се одржува на улицата „Нореброгаде“, додека наредните денови се организираат настани низ данската престолнина.
Во текот на пет дена голем број туристи, поголемиот дел од нив странски, за време на Фестивалот доаѓаат во Копенхаген, каде што уживаат во разновидните програми.
И оваа година, поради претходните искуства и стампедата што се случувале за време на Фестивалот, полицијата ги обезбедува местата за одржување на концертите.
Според официјалните статистики, минатата година на Фестивалот во Копенхаген се собрале околу 200.000 лица.