Vesna Besiç
08 Ноември 2016•Ажурирај: 09 Ноември 2016
ПЕШАВАР (АА) - Во малите работилници во градот Пешавар, северозападен Пакистан, работниците за дневница од пет до седум долари секојдневно обработуваат волна, јавува Anadolu Agency (AA).
Работилниците во споредните градски улички на Пешевар се места каде што Пакистанците, полнејќи перници, заработуваат минимални плати со кои на некој начин ги прехрануваат своите семејства.
Во тешки услови работи и 65-годишниот Мухамед Алем, кој со заработените пари прехранува четири деца. Со обработка на волна се занимава 25 години, а во истата работилница работи десет години.
Во приватниот сектор во Пакистан работат десетици илјади лица на различна возраст. Нивниот работен век секогаш поминува без здравствено осигурување, па поголемиот број работници, и покрај здравствените проблеми, продолжуваат да работат и да се борат за опстанок.