Nuray Tunçay
19 Јануари 2016•Ажурирај: 20 Јануари 2016
ПЕШАВАР (АА) - Најмалку десет лица загинаа во експлозија во Пешавар во северозападниот дел на Пакистан, соопшти Anadolu Agency (АА).
Како што е соопштено од страна на локалните власти, експлозијата се случила на контролен пункт во областа на Џамруд, а според првичните податоци, загинаа десет луѓе, а толку беа и повредени.
На местото на настанот имаше голем број медицински лица. Повредените беа однесени во блиските болници. Во тек е истрагата за причините за експлозијата, иако се сомнева дека станува збор за самоубиствен напад.