İnci Gündağ
18 Декември 2016•Ажурирај: 18 Декември 2016
ЛОНДОН (АА) - Писмото кое некогашната боксерска легенда Мухамед Али го напиша и му го испрати на лидерот на Јужна Африка, Нелсон Мандела, беше продадено на аукција во Англија за 7.200 фунти (8.583 евра), јавува Anadolu Agency (AA).
Писмото, со потписот на Али, беше продадено на јавна аукција во аукцискатата куќа "Henry Aldridge & Son" во југозападниот дел на англискиот град Дивајзес.
Станува збор за писмо кое е напишано од страна на Али, на 13 април 1993 година, за време на престојот во Јужна Африка. Тој го напишал на дактилографска машина со помош на секретарката на директорот на хотелот каде што престојувал.
Во писмото е изразено сочувство кое Али во 1993 година му го упати на Мандела, по повод убиството на политичарот и активистот Крис Хани, кој во тоа време водеше расистичка кампања во Јужна Африка.
Аукциската куќа претходно ова писмо го купи од еден колекционер од САД.
Јужноафриканскиот државник и херој Нелсон Мандела, почина во 2013 година, додека легендарниот боксерски шампион Мухамед Али почина во јуни оваа година.