Mehmet Ali Derdiyok
24 Април 2016•Ажурирај: 25 Април 2016
ИСТАНБУЛ (АА) - По повод одбележувањето на годишнината од загинувањето на Ерменците во 1915 година за време на Првата светска војна, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган испрати порака со сочувство во која истакна дека никогаш нема да се откаже од напорите во насока на градење на мирот и пријателството меѓу двете соседни држави кои делат заедничка историја и слична традиција, јавува Anadolu Agency (AA).
Претседателот Ердоган, по повод на панихидата за настаните во 1915 година, организирана во црквата „Мерјем Ана” (Богородица) на Ерменската Патријаршија,испрати писмо до Ерменскиот патријарх во Турција, Арам Атешјан.
Во пораката прочитана од страна на Атешјан пред панихидата, Ердоган вели дека ги поздравува и им упати почит на граѓаните собрани денес под покривот на Ерменската патријаршија во Истанбул во чест на османските Ерменци кои на трагичен начин ги загубија животите во Првата светска војна.

Кажувајќи дека се чувствува задоволен поради тоа што уште еднаш денешната церемонија се одржува во Турција, земја која е најзначајна за спомен на страдањето на отоманските Ерменци и споделување на спомените, Ердоган истакна:
"Анадолија, каде што не се занемаруваат човековите обврски, радоста и болката може да се дели искрено, пред сè и подалеку од сè го стави разбирањето за совестa и правдата. Токму ова разбирање, во согласност со нашата свест за нашата историја и нашите човечки хоризонти ќе продолжиме да го чуваме споменот на отоманските Ерменци. Ќе продолжиме одново да се сеќаваме и потсетуваме на културата на заедничкиот живот на Турците и Ерменците која датира илјадници години.”
„Наспроти оние кои со реторика на омраза и непријателство ја политизираат историјата сакајќи да ги оддалечат двата соседни народи кои имаат заедничка историја и слични традиции, ние нема да престанеме со напорите за постигнување мир и пријателство. Во оваа пригода со почит ги спомнувам османските Ерменци кои ги загубија своите животи и го изразувам моето сочуство за нивните преживеани сонародници. Исто така, со милост и почит ги спомнувам сите Отомански граѓани, без разлика на нивната етничка или верска припадност, сите оние кои ги загубиле своите животи во истиот период. Уште еднаш сакам да потенцирам дека го споделуваме ова заедничко страдење. Во оваа прилика сакам уште еднаш да им се заблагодарам на сите наши ерменски граѓани кои од минатото до ден денес дадоа придонес за нашата земја”, порача Ердоган.
Пораката на претседателот Ердоган беше објавена и на ерменски јазик.