Ferdi Akıllı
05 Декември 2015•Ажурирај: 05 Декември 2015
ЗОНГУЛДАК (АА) - Научниците сметаат дека причината за честото разболување во зима не е студеното време, туку престојот на повеќе луѓе во една иста просторија што пак е причина вирусот на настинка и грип да се прошири многу брзо, јавува Anadolu Agency (АА).
"Зголемувањето на вирусни инфекции во зима не е ладното време, туку престојот на повеќе луѓе во една просторија со што вирусот се пренесува брзо од едни на други", вели Реџеп Адур, професор на Универзитетот во Анкара.
Студеното време ги поттикнува луѓето да поминуваат повеќе време во затворен простор а со тоа се зголемува веројатноста за појава на вирусот кој се шири од човек на човек. Акдур верува дека ако се следат одредени правила во текот на зимата, би можела да се избегне појавата на грип и настинка.
Професорот Реџеп Акдур, од Универзитетот во Анкара потсети дека ладното време на вирусот му штети и дека тоа е причината зошто луѓето кои живеат во топли простории без проветрување често се разболуваат.
"Луѓето кои се настинати не треба да одат на работа, на училиште или на други места каде што има многу луѓе. На кратко, треба да не го напуштаат домот со цел да се спречи ширењето на вирусот", рече Акдур.
Вирусот се шири побрзо ако постои постојан или моментален пад на имунитетот. Сè почесто може да се забележи како луѓето носат медицински маски со цел да се заштитат од вирусот. Лекарите препорачуваат луѓето кои се настинати да носат маски на нивните лица, или друга препрека која го намалува ширењето на вирусот.