İzzet Mazı,Veysel Altun
24 Април 2023•Ажурирај: 26 Април 2023
КАХРАМАНМАРАШ (АА) - Семејството што го преживеало земјотресот живее во ист шатор со нивното куче кое со завивање ги предупредило непосредно пред катастрофата на 6 февруари во Туркије, јавува Анадолу.
Хатиџе Авџи, која живее во јужната област Кахраманмараш со сопругот и ќерката, чува куче по име Михрибан, кое ги разбудило со гребење и завивање околу 4 часот и 18 минути наутро пред земјотресот.
„Кучето потоа се качи на столот на балконот и почна да завива“, рече Авџи.
Во изјавата за Анадолу, Авџи истакна дека Михрибан инаку е многу послушно животно и воопшто не лае.
„Кога почна да биде раздразлива (непосредно пред земјотресот), ја внесов за да не се вознемируваат соседите. Повторно истрча на балконот и повторно почна да завива. Повторно ја зедов во скут, таа гребеше и сакаше да излезе“, се потсетува таа.
„Сега сме заедно во шаторот, а таа ни лежи во скут. Првите три дена воопшто не јадеше, беше многу исплашена. Удобно и е во шаторот, но многу е раздразлива кога ќе влезе во нашата урната куќа“, рече таа.
На 6 февруари земјотреси со јачина од 7,7 и 7,6 степени по Рихтер погодија голем број турски области, одземајќи над 50.000 животи.
Околу 14 милиони луѓе во Туркије се погодени од земјотресите, како и многу други во Северна Сирија.