İsmail Hakkı Demir
27 Јануари 2019•Ажурирај: 28 Јануари 2019
КАХРАМАНМАРАШ (АА) - ИСМАИЛ ХАКИ ДЕМИР - Чевларот Океш Котујебакмаз (70) во турскиот град Кахраманмараш, речиси две децении поправа обувки во работилница со површина од 1 квадратен метар, пишува Anadоlu Agency (AA).
Оваа мала работилница која не може да собере ниту греалка, ја отворил пред 17 години. И покрај тоа, овој мајстор, кој со оваа работа се занимава подолго од 55 години, е благодарен на сето она што го има.
Тој се присети колку неговото семејство било сиромашно и дека поради тоа морал да се вработи по завршувањето на основното училиште. Се присети и дека двапати за време на 1970-тите и 1980-тите години отворале работилница, но дека банкротирале поради тоа што економската ситуација не била најповолна.
Денес би сакал да има свој чирак и простор во кој би можел некого да обучува.
„Ја работам оваа работа 55 години. Веќе 17 години сум во оваа просторија. Мала е. Не можам да ставам ниту електрична греалка. Имам две палта кои ги облекувам и така работам. Морам да се облечам добро за да не ми биде студено. Морам да работам“, изјави Котујебакмаз.
Тој појасни дека има внуки и дека не може, а да не им даде малку пари.
„Затоа работам. Ова е со површина од 1 квадратен метар, но благодарен сум и за тоа. Имам две деца и шест внучиња. Двете деца ги израснав со работа на овој квадратен метар“, се присети Котујебакмаз.
Тој појасни дека е благодарен за тоа што може да работи, бидејќи денес има многу болни кои ја немаат таа можност.
„Здрав сум, ако не сум благодарен за тоа, за што друго да бидам...“, рече скромниот Котујебакмаз.