Ali Ballı
14 Мај 2016•Ажурирај: 15 Мај 2016
МУГЛА (АА) - Во Бодрум, градот и омиленото летувалиште во турскиот регион Мугла, на брегот на Егејското море, отворена е изложба со работите на бегалците кои на патот кон земјите на западна Европа и водите на Егејското море ги загубија своите животи, јавува Anadolu Agency (AA).
Кустос, на изложбата на Екин Анил, изјави дека изложбата е организирана во знак на сеќавање на сите жртви од војната на зафатените земји кои во Егејското море завршиле со „ патот на надежта ”. Работите изложени на изложбата се собрани од брегот на Бодрум.
Голем број на домашни и странски туристи присуствуваа на изложбата во склоп на која се изложени бебешките чевли, елеците за спасување....
Анил истакна дека изложбата е отворена за сите оние кои животот го изгубиле на „патот на надежта”. Меѓу работите се наоѓаат и бели балони кои ги симболизираат, како велат, душите на загинатите.
Целта е, нагласи Анил, да се укаже на на големиот број на загубени животи на бегалците во Егејското море. Изложбата ќе биде отворена до недела.