Suat Salgın,Hakan Firik
15 Мај 2016•Ажурирај: 16 Мај 2016
БАЛИКЕШИР (АА) - На Балканот супер популарниот турски актер Кенан Имирзалиоглу, познат по улогата на Езел во истоимената серија, се ожени со актерката Синем Кобал, јавува Anadolu Agency (AA).
Венчавката се одржа на островот Џунда, во северозападниот дел на Турција.
На венчавката присуствуваа 300 поканети гости меѓу кои Бергузар Корел, која ја глумеше Шехерзада во „1001 ноќ”, Бурак Озџевит, познат по улогата на Бали-бег во серијата „Сулејман Величенствениот”, Киванч Татлитуг, актер од серијата „Ѓумуш”, Фахрије Евџен и многу други.
Брачниот пар првиот танц го одигра на песната “Fly to the moon”.
Имирзалиоглу на новинарите им кажа дека е многу среќен, а својата среќа не ја криеше ниту Кобал.